Романија предложи двајца кандидати за Европската комисија по одбивањето на Трочањи

Архива на СП

Романската влада го предложи заменик-министерката за надворешни работи Меланија Габриела Циот, како и Дан Ник за функцијата европски комесар за сообраќај, откако Европскиот парламент претходно ја одби кандидатурата на Рована Плумб.

Романската телевизија „Диги 24“ наведува дека владејачката партија сега нуди двајца кандидати, откако дипломатски извори рекоа дека Брисел сака назначување на маж и на жена на функцијата комесар за сообраќај.

Првиот избор на романската премиерка Вјорика Данчила за еврокомесар беше Рована Плумб, но таа не беше прифатена поради судир на интереси и од истата причина беше одбиен и
кандидатот на Унгарија, Ласло Трочањи, за функцијата еврокомесар за добрососедство и проширување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот