Илие Болојан

Романија доби привремен претседател

Лидерот на центристичката Либерална партија, Илие Болојан, денеска стана привремен претседател на Романија, откако стапи во сила оставката на актуелниот претседател на земјата, Клаус Јоханис.

55-годишниот Болојан, кој беше актуелен претседател на Сенатот, ја презема функцијата од колегата-центрист Клаус Јоханис, кој поднесе оставка од функцијата претседател на Романија пред два дена, откако опозициските партии најавија дека ќе бараат негово отповикување.

Пратениците од крајната десница сега планираат да поднесат барање за недоверба на владата на широката коалиција, која има тесно мнозинство во парламентот и ја вклучува Либералната партија на Болојан, јави „Ројтерс“.

Како привремен претседател, Болојан ќе го именува новиот премиер доколку падне актуелната влада. Претседателскиот мандат на Јоханис истече минатата година, а претседателските избори одржани во ноември беа поништени со контроверзна одлука на Уставниот суд на земјата во декември, со образложение дека на изборите влијаела Русија. Судот наложи изборниот процес да се повтори во целост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот