Фото: EPA/ALESSANDRO DI MEO

Рома се враќа во трката за место во ЛШ, Фиорентина обезбеди опстанок во Серија А

Денеска во 35 коло од најсилното италијанско првенство фудбалерите на Рома на домашен терен убедливо со 4:0 го совладаа составот на Фиорентина.

Гол серијата на римскиот клуб ја почна Манчини во 13 минута, за зголемување на предноста се погрижи Весли Франка во 17 минута.

Во 34 минута во листата на стрелците се запиша Хермосо, а конечниот епилог во 58 минута од средбата на стадионот „Олимпико“ го постави Писили.

На три кола до крајот на сезоната, на табелата во Серија А римската „волчица“ е на петтата позиција со 54бодови, само еден помалку од четвртопласираниот Јувентус, и се враќа во трка за една од позициите кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Во следното коло Рома на 10 мај ќе гостува кај Парма, додека Фиорентина и покрај овој пораз, благодарение на денешниот пораз на Кремонезе дома од Лацио (1:2), успеа да обезбеди опстанок во елитата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот