18 C
Скопје

Рохани тврди дека Иран не се обидува да развие атомска бомба

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска оцени дека неоснована е загриженоста на Берлин, Лондон и Париз во врска со најавата на Техеран за зголемување на збогатувањето на ураниум на 60 проценти.

– Изразена е загриженост во Европа и САД околу тоа што ние во Иран почнуваме да збогатуваме ураниум до 60 проценти, дали тоа значи дека можеме одеднаш да достигнеме 90 проценти (што е на воено ниво), рече Рохани во изјавата за државната телевизија и додаде дека станува збор за „грешка”.

Тој рече дека иранската нуклеарна активност е од мирнодопска природа и дека Иран не се обидува да развие атомска бомба.

– Уште денеска можеме да збогатиме ураниум до 90 проценти ако сакаме. Но, кажавме од првиот ден и го држиме зборот – нашите нуклеарни активности се мирнодопски, не се обидуваме да добиеме атомска бомба, рече Рохани.

По експлозијата во неделата во иранската фабрика за збогатување ураниум, за која Техеран го обвини Израел, Иран објави дека ќе го зголеми збогатувањето на ураниум на 60 проценти. Тоа е над нивото од 20 проценти, колку што збогатуваше од јануари и над максималниот праг од 3,67 проценти дозволен согласно иранскиот нуклеарен договор склучен во Виена во 2015 година.

Вчера три европски земји, потписнички на договорот, Германија, Франција и Велика Британија, изразија голема загриженост поради најавата, оценувајќи дека производството на високо збогатен ураниум претставува важна фаза кон производството на нуклеарно оружје.

Иран го потпиша договорот во 2015 година со тие три европски земји, како и со САД, Русија и Кина. Договорот беше разнишан од едностраното повлекување на САД во 2018 година и нивното повторно воведување санкции кон Иран.

Поврзани вести

Нови 135 случаи на заразени со коронавирусот, 14 починати и 298 оздравени пациенти

МИА Агенција

Денеска се регистрирани 135 нови случаи на Ковид-19

Слободен печат

ВИДЕО| Менкиноски: Фамозната белешка на АНБ не е доказ во постапката против Јордан Камчев

ВИДЕО| Најмалку 40 мртви меѓу кои и деца во напад на училиште во Авганистан

Горан Наумовски

Папата Франциск повика на прекин на насилството во Ерусалим

МИА Агенција

ЕК нема да нарачува вакцини од АстраЗенека по јуни

МИА Агенција

Остави Коментар