Родителите не знаеле зошто детето е поспано па го однеле во болница: Лекарите се шокирале кога ги виделе снимките (ФОТО)

Лекарите се сомневаат дека детето е повредено за време на прославата на големиот муслимански празник Курбан бајрам.

Лекари од Ерусалим останале шокирани кога на преглед дошло дете чии родители биле загрижени поради неговата постојана поспаност.

Родителите со детето од Палестина пристигнале во Медицинскиот центар Хасадах.

Веднаш бил прегледан, а на главата му пронашле мала рана и крв, по што снимале на скенер и откриле дека детето има куршум во глава. Куршумот поминал низ черепот и запрел во мозокот на детето.

Фото: HADASSAH UNIVERSITY HOSPITAL

Неврохирургот Гај Елор, кој го извадил куршумот од главата на детето, вели дека родителите не знаеле дека нивното дете е погодено.

„Мајката рече дека си играло со другарчињата и дека нешто се случило, дека можеби нешто паднало на него. Приказната не е потполно јасна. Имаше мала дупка на главата“, изјави Елор.

Фото: HADASSAH UNIVERSITY HOSPITAL

Оттаму се сомневаат дека детето е погодено од залутан куршум за време на прославата за најголемиот муслимански празник Курбан бајрам.

„Да отишол куршумот во друга насока, би можел да предизвика поголема штета и значително невролошко оштетување“, рече лекарот и додаде дека за среќа детето добро се опоравува и е во можност да разговара со семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот