Родителите гневни за извидничкиот камп: Доделиле награда на девојче за „најдобри гради“ со зборовите „догодина да се видиме поголи и повесели“

Илустрација: Извидници / Фото: Архива на „Слободен печат“
По објавената сторија во „Слободен печат“ за скандалозниот извиднички камп што викендов се одржал во близина на Скопје, а каде имало непримерни активности во кои малолетници меѓу другото ги боеле своите полови органи и оставале отпечатоци од нив на хамер и симулирале секс позиции до манастир под превезот на сексуална едукација – бројни реакции пристигнуваат во нашата редакција.

Мајка на средношколец кој присуствувал на настанот организиран од Прв скопски извиднички одред ни потврди дека нејзиниот син и уште шестмина учесници веднаш после кампот се отпишале од извидници, затоа што биле истрауматизирани. И таа денеска случајот ќе го пријави во полиција.

Моето дете иако е голем љубител на извидниците, е толку разочаран откако дојде од кампот, што во истиот момент излезе од извидничкиот одред и рече дека ова е акција што го оцрнува образот на извидниците. Тој е ,,за” сексуална едукација, но како што треба, а не на ваков начин. Тоа не е табу тема, но тоа што се случувало таму било крајно вулгарно и екстремно. Некое дете го терале да стави кондом на краставица. Кога не знаел како да го направи тоа, го исмејувале пред сите. Не може возрасен човек од над 40 години да доделува награда на девојче од 16 години и да и рече ,,имаш прва награда за најубави гради и следната година да дојдете поголи и повесели”. Може татко да и биде. Јас да бев известена дека такви активности ќе има на таа акција, никогаш немаше да го пуштам син ми таму, верувајте, ни рече родителката.

Уште една мајка на шеснаесетгодишник ја потврди верзијата на настаните што претходно ја објави „Слободен печат“ а која ја сведочеа ученици кои психолошка помош побарале по настанот поради истрауматизираност. На кампот учениците како дел од активностите, требало и да насликаат пејзаж од околината, во која имало двајца што симулираат сексуална позиција.

Кога девојчето што не сакало да учествува, плачело и се тресело, дел од организаторите таму според кажувањата на син ми со викање и повшен тон и кажале да се спакува и да си оди со прашањето која мисли дека е. Во два часот ноќе да си оди, во планина со диви мечки. Тоа е нехумано. На почетокот син ми мислел дека е шега кога зборувале ,,сега ќе ставате чорапи на пенисите” меѓутоа подоцна сфатил дека работата преминала во најголема екстремност. Син ми одбил да глуми секс пози со стенкање во манастир, па револтирано го испратиле да оди во шума. Згора на тоа биле обоени со црна боја na лицето, цело село ги гледало кога поминувале. Дел од присутните возрасни на кампот ги коментирале градите на девојчињата. Син ми не сака да слушне веќе да оди таму после овој викенд, ни рече втората мајка на шеснаесетгодишен средношколец.

Јавното обвинителство отвори предмет за случајот. Дежурен јавен обвинiтел издал насоки до Министерството за внатрешни работи за дејствија кои треба да се преземат со цел да се утврди фактичката состојба. Во меѓувреме според нашите неофицијални информации, родители почнале да им се закануваат на одговорните во извидничкиот одред што ги пуштиле децата на такви активности.

Прв скопски извиднички одред, организацијата која што е организатор на настанот, два дена не одговара на нашите мејлови и телефонски повици за објаснување на настанот. Зоран Шиљковски од овој одред, претходно во изјава посочи дека сексуална едукација организираат од 2009 година и никогаш немале поплаки.

Според родителите на вознемирените малолетници, на кампот викендов активностите биле несоодветни, вклучувале соблекување на облеката и прашување колку сексуални партнери имале децата. Целиот настан бил спакуван како натпревар, па така сите активности носеле соодветни бодови, при што повеќе се вреднувале и бодувале активностите каде децата соблекувале поголем дел од облеката.

Според татко на една од учесничките, во планината благодарение на ваквиот начин на бодување, се шетале машки деца само во долна облека, а на хамер со боја оставани биле отпечатоци од женски и машки полови органи, затоа што тоа било вреднувано со најмногу бодови, вкупно 80.

СИТЕ ПОВРЗАНИ ТЕКСТОВИ НА ОВАА ТЕМА:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот