РОДЕНА Е СО БРАДА, родителите ја дале во ЦИРКУЗОТ ЗА НАКАЗИ, а нејзината животна приказна е за филм

Ени Џонс е родена во Вирџинија во 1865 година и наводно се родила со брада. Родителите се запрепастиле кога виделе дека нивното бебе има брада како возрасен човек, но набрзо се утешиле кога сфатиле дека нивната ќерка, таква каква што е, им е единствената прилика да се збогатат.

Немала ни една година кога ја вклучиле во Изложбата на накази во патувачкиот циркус.

Така успешната кариера на Ени почнала уште пред да прооди. Била толку популарна што сопственикот на циркусот ѝ понудил на нејзината мајка договор на три години со месечен надомест од 150 долари.

Брадестото дете станала брадеста жена, која ја привлекувала публиката истакнувајќи ги женските атрибути и создавајќи контраст во однос на брадата – облекувала модерна женствена облека и научила да свири на мандолина. Нејзиниот метод се покажал како успешен. Ени Џонс станала една од најнезаборавните атракции на Изложбата на накази.

Прочитајте и...  Анастасија Ражнатовиќ се дотера за прв пат после карантинот и ги воодушеви обожавателите со одлична жолта комбинација! (ФОТО)

The Bearded Lady

Се претпоставува дека таа страдала од хирзутизам, болест која предизвикува зголемена влакнавост кај жените, а која ја има околу 5-10 проценти од женската популација.

Во 1880 година се омажила за Ричард Елиот, кој бил задолжен да ја повикува публиката пред циркусот на Барнам, но бидејќи тогаш имала само 15 години, нејзините родители не го одобрувале бракот.

Во брак останале 15 години. Се развеле во 1895 година, а потоа Ени се омажила со Вилијам Донован, со кого патувале и заедно настапувале, сè додека тој ненадејно починал по 4 години.

Ени се вратила во единствениот дом што го имала – во циркусот на Барнам. Започнала кампања против користење на зборот „наказа“ при претставување на учесницитена изложбата.

Прочитајте и...  Виц на денот - Притисок

За жал, умрела од туберкулоза на 37 години, а немала прилика да запознае друг живот освен животот на циркуска „наказа“.

Прочитај повеќе

Иако нема милијарда, на Кајли Џенер не ѝ е тешко: Само минатата година потрошила 130 милиони долари!

Слободен печат

Драгана Ристова: Учев од Раул Гонзалез, кој несебично ми го предаде неговото знаење

Јасмина Кантарџиева Димков

Дневен хороскоп за 2 јуни: Ќе гледате на животот на поразличен начин и ќе ставите крај на проблем кој долго ве мачи

Слободен печат

Виц на денот – Притисок

Слободен печат

„Таа мисли дека е една од браќата“ – Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит го менува полот?

Слободен печат

Ова е Георгина од Скопје, по фотографиите потсетува на светски познатата Емили Ратајковски! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Британците во шок – Од денес им се забранети интимните односи, освен во овие услови

Слободен печат

Познатата водителка во емисија во живо имаше мал „инцидент“ со облеката! (ФОТО)

Васко Спасоски

Генијален трик за лупење јајца: Хит на TikTok кој го погледнаа 100.000 луѓе (ВИДЕО)

Слободен печат

На улиците во Лос Анџелес: Лејди Гага прошета во градник со новото момче (ФОТО)

Васко Спасоски

Проговори поранешната девојка на принцот Хари – По шест години откри долго криена тајна – „Не сакав да бидам под ничија контрола“

Слободен печат

Се породи пред 4 месеци со третото дете: Познатата манекенка изгледа совршено! (ФОТО)

Васко Спасоски