Ривалдо: Меси останува во Барселона

epa08782034 Barcelona?s Lionel Messi celebrates after scoring the 0-2 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Бразилската фудбалска легенда Ривалдо тврди дека Лионел Меси ќе го продолжи договорот со Барселона иако пред почетокот на сезоната сакаше да си замине од „Камп Ноу“.

Аргентинецот минатото лето побара да му биде овозможено да си замине од Барселона без обесштетување, но тогашниот претседател Хосеп Марија Бартомеу не му го дозволи тоа, со што на Меси му остана да ја одиграа оваа сезона во каталонскиот клуб.
Но, годинава се случија доста работи во клубот, на претседателската функција се врати Жоан Лапорта кој веднаш најави дека главна цел му е да го наговори Меси да остане во Барселона, а клубот игра фантастично во последно време. Роналд Куман конечно го склопи моизаикот и Барселона во последните 13 кола во Ла Лига има 12 победи и само едно реми и заостанува само четири бода зад лидерот на табелата, Атлетико Мадрид.
– Барселона неверојатно се крена од доаѓањето на новиот претседател, а Меси повторно игра фантастично и изгледа многу посреќен на теренот од доаѓањето на Лапорта. Од тие причини верувам дека Меси ќе се договори со новата управа и ќе потпише нов договор со кој ќе остане долго во Барселона – изјави поранешниот фудбалер на каталонскиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот