Рита Ора побегна на село од коронавирусот, селаните бесни

Profimedia

Рита Ора го напушти Лондон и побегна на село откако е воведен карантин, а нејзините нови соседи воопшто не се среќни поради тоа.

Пејачката во моментот е во Котсволдс во југозападниот дел на земјата со уште пет други лица, а резервирала сместување во куќата пред пандемијата. Таа, наводно, е со група луѓе со кои работи на својот нов албум.

Profimedia

Мештаните се бесни откако Рита и нејзината екипа ги избркале од јавните површини, а над главите им летале дронови.

Една жена раскажала дека телохранителите на Рита го расплакале нејзиниот син, ги бркале од јавните површини, а додека заминувале, ги следел дрон.

Profimedia

– Зарем таа не треба да ги следи правилата и да остане во Лондон? – се прашуваат жителите.

Рита не се нервира за нивниот гнев и наместо тоа позираше на ливада во проѕирна маица без градник.

– Таа е смртно сериозна во врска со карантинот и дава сѐ од себе за да се изолира – рекле пријателите на Рита, кои негираа дека сега ќе организира забави.

Profimedia

Синоќа Рита Ора беше дел од виртуелниот концерт во организација на Лејди Гага, „Еден свет, Заедно дома“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот