Фото: FC Pelister Bitola

Ристовски: Сакаме во Битола и следната година да се гледа прволигашки фудбал

Пелистер во последното 33 коло ќе игра пред својата публика и ќе се обиде да ги подобри своите шанси во борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Единствен ривал на битолските „зелено-бели“ е АП Брера, со која минативе кола се ротираа на осмото и деветтото место од табелата, а тоа има важност за тоа кој со кого ќе игра во баражот за опстанок во лигата.

На хартија, АП Брера игра со „фенерџијата“ Шкупи и има релативно полесно задача за да освои три бода, додека Пелистер го пречекува Башкими.

– Уште еден тежок натпревар за нас, како и секој претходен, со голем психолошки товар. Башкими е тим составен од искусни фудбалери кои имаат настапувано во повеќе прволигашки тимови. Минатата година изборија место во ПМФЛ и успеаја да завршат над повеќе тимови со долга прволигашка традиција. Ние сѐ уште го немаме изборено опстанокот и мораме да продолжиме дисциплинирано во претстојните мечеви, како со Башкими, така и во баражот што ни претстои – вели тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски.

Подиректен е играчот на битолскиот клуб, Марјан Ристовски – Швајц, кој посакува позитивна атмосфера во пресрет на баражот, а со една цел нивните навивачи и следната година да ги бодрат во ПМФЛ.

– Последен натпревар од првенството. Одиме на победа и три бода, позитивно да влеземе во баражот, со позитивни мисли. Битола и догодина повторно да гледа прволигашки фудбал – рече Ристовски.

Во двата дуели од оваа година, Башкими славеше – прво во Битола со 2:1, а потоа и на домашен терен со 1:0. Претходно, Пелистер ги има добиено двата меѓусебни дуели од Втората македонска фудбалска лига во сезоната со23/24. Натпреварот ќе се игра со почеток од 16.30 часот на стадионот „Петар Милошевски“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот