Марјан Ристески / Фото: Телма

Ристески: Новиот минималец мора да се донесе со консензус меѓу социјалните партнери

Се додека не се договорат социјалните партнери, ќе важи актуелниот Закон за минималецот и формулата е многу добро позната и ние ќе се придржуваме до неговите одредби кои се добри. Секоја понатамошна одлука мора да биде со конзензус и ние тоа ќе го почитуваме, рече Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Владата ќе почитува се што ќе договорат работодавачите и синдикатите на седницата на Економско-социјалниот совет, а се однесува на зголемувањето на минималната плата во март 2026 година, повтори Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд во пресрет на седницата на ЕСС.

-Се додека не се договорат ќе важи актуелниот Закон за минималецот и формулата е многу добро позната. Тој закон е донесен со консензус од трите социјални партнери во ЕСС и ние ќе се придржуваме до неговите одредби кои се добри. Секоја понатамошна одлука мора да биде со конзензус и ние тоа ќе го почитуваме – истакна Ристески.

Тој најави динамична 2026 година во Министерството за економија и труд и многу новини во трудповото право кои треба да донесат бенефит за работниците.

-Ќе бидат донесени многу нови закони, а кај останатите ќе има прилагодување кон европските директиви, вклучително и Законот за работни односи – најави Ристески.

Благоја Ралповски, претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати, очекува дека на седницата на ЕСС ќе се отворат многу теми. Тој вели дека се уште не добиле покана, но се надева дека ќе разговараате за новата минимална синдкалната кошничка, како и за барањето на ССМ за повисока минимална плата, но и за платите во јавниот сектор.

-Ќе покажеме дека низ социјален дијалог може да се унапредат работничките права – додаде Ралповски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот