Римски таксист вози со 110 км/ч и го гледа натпреварот меѓу Верона и Рома!

Twitter

Еден римски таксист успеал да ги спои работата и фудбалот, а неговиот патник не уживал премногу во тоа.

Римскиот дописник за шпанскиот „Ел Паис“, Даниел Верду, морал во неделата вечерта да седне во такси во Вечниот град. Во тоа време се играше фудбалскиот натпревар меѓу Рома и Верона.

„Човекот ме вози 110 км/ч и гледа натпревар, а малку е нервозен зашто Верона само што изедначи. Добре дојде дома“, сам себеси си посакал Верду на Твитер, кој од слободниот викенд во Шпанија се вратил на работа во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот