Резолуција за Сребреница: Колона возила со српски знамиња во Белград, Нови Сад, Косовска Митровица…

Колона возила со истакнати знамиња на Република Србија низ улиците на Нови Сад, по усвоената резолуција во Сребреница.

Возењето кое започна нешто по 19 часот, заврши околу 20 часот и 30 минути. Во колоната имало повеќе од стотина автомобили, а предничело возило на сообраќајната полиција.

Поминаа низ населбата Лиман во Нови Сад, продолжија по кејот, а во близина на зградата на покраинската влада на булеварот Мухајла Пупин, неколку мажи излегоа од автомобилите и вееја знамиња, пренесува „Н1“ и наведува дека засега не се знае кој е организатор.

Автомобилско дефиле се одржа и во Косовска Митровица. Поголема група граѓани се движеа низ улиците со српски знамиња поставени на јарболи, стакла и хауби на автомобилите, јавува КоССев.

Во колоната која се движеше свирејќи музика и веејќи знамиња од кружниот тек кај фонтаната до вториот кружен тек – кај споменикот на Кнез Лазар имаше околу стотина автомобили.

„Н1“ претходно објави и дека вакви колони од возила со српски знамиња имало и на белградските улици.

Прво колоната беше на плоштадот Никола Пашиќ, а потоа сврте десно во улицата Кнежа Милоша, а оттаму сврте десно во улицата Краља Милана, иако вртењето таму е забрането. Преку Теразије оваа колона се врати на плоштадот Никола Пашиќ, пренесува медиумот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот