Реториката на Трамп ги уништи шансите за договор со Техеран
Разговорите меѓу САД и Иран за прекин на седумнеделната војна се доведени во прашање по јавните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните медиуми и во разговорите со медиумите, според извори запознаени со преговорите.
Препорачано
Како што пренесува „Си-ен-ен“ како се приближувал викендот, Вашингтон и Техеран изгледале блиску до договор за прекин на конфликтот, но Трамп, со своите јавни настапи и неговите објави на социјалните медиуми во кои посочуваше дека Иран веќе се согласил со неколку клучни барања на САД, вклучително и предавање на своите залихи од збогатен ураниум и широка суспензија на својата нуклеарна програма, ги нарушил преговорите, пренесува американскиот медиум.
Некои американски претставници приватно признаа дека јавните коментари на претседателот ги комплицираат преговорите, особено со оглед на длабоката недоверба на Техеран кон Вашингтон.
Неизвесноста се зголемува и со наводната поделба во рамките на иранското раководство помеѓу преговарачкиот тим и Корпусот на Исламската револуционерна гарда, што го поставува прашањето кој на крајот би можел да го потпише потенцијалниот договор, посочува американскиот медиум.


