18 C
Скопје

Ретклиф: Кина планира да создаде „супер војници”

Тој додаде дка Пекинг не знае за етички граници во потрагата за моќ и оти Кина претставува главна закана по националната безбедност на САД.

Кина спроведе тестирање на припадниците на армијата со надеж дека ќе успее да создаде војници со „подобрени биолошки способности”, изјави директорот на американската Национална разузнавачка служба Џон Ретклиф во интервју за „Волстрит џурнал”.

Тој додаде дка Пекинг не знае за етички граници во потрагата за моќ и оти Кина претставува главна закана по националната безбедност на САД.

Ниту канцеларијата на Ретклиф, ниту ЦИА не ги коментираат наводите на Ретклиф за детално да образложат на кој начин Кина планира да создаде „супер војници”.

Изјавата на Ретклиф не ја коментираа ниту кинеските власти.

Двајца американски научници минатата година напишаа труд во кој ја испитуваат амбицијата на Кина да ја примени биотехнологијата на военото поле. Елса Кани, експерт за кинеската одбранбена технологија и Вилсон Ворн Дик, советник за односите со Кина и поранешен маринец, наведуваат дека постојат индикации дека кинеските научници почнаа да ги истражуваат потенцијалните технологии за промена на генот позната како ЦРИСПР (кратенкаод „clusters of regularly interspaced short palindromic repeats”).

Прочитајте и...  Со 85 гласа „за“ и 15 „против“: Сенатот на САД ја потврди Џина Рајмондо за секретар за трговија

Кани и Дик тврдат дека кинеските воени експерти и стратези упорно нагласуваат дека биотехнологијата би можела да стане применлива во иднина.

Поврзани вести

ФОТО I Навални од затворска ќелија испрати порака дека е добро: „Убива” време во ќелијата правејќи двопек

И.И.

ВИДЕО: Најкрвавиот ден во Мјанмар до сега: Убиени 33 демонстранти, пламени јазици се шират по улиците

И.И.

За француското месечно списание ГЕО, Македонија е „непозната земја на Балканот“

Слободен печат

Се попишуваат иселениците и бездомниците, се бараат уште попишувачи

Весна Тодоровска

Истражување во Турција: Вакцината на „Синовак“ ефикасна 83,5 отсто

Слободен печат

Во Грција до 16 март воведено поголемо ограничување на движењата

Слободен печат

Остави Коментар