Рестриктивните мерки зависат најмногу од граѓаните, смета Спасовски

Тој ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат мерките.

Рестриктивните мерки за одредени подрачја ќе зависат најмногу од граѓаните, од почитувањето на мерките, рече премиерот Оливер Спасовски по денешната координативна средба  на кандидатите за пратеници за Изборна единица 2 од коалицијата на СДСМ  во Куманово. Тој ги повика граѓаните доследно да ги почитуваат мерките.

-Ние најавивме пред неколку дена дека ригорозни мерки или рестриктивни се можни за одредени подрачја каде што има зголемен број на инфицирани граѓани. Тоа ќе зависи најмногу од граѓаните од почитувањето на мерките, оние кои што се во изолација заради тоа што се директни контакти од некој којшто е позитивен на Ковид-19, треба да останат таму и да ги почитуваат сите тие мерки. Колку повеќе ќе ги почитуваме мерките толку ќе имаме намалување на рестрикциите, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата размислува за воведување ригорозни емрки за некои подрачја каде има поголем број заболени лица.

Спасовски рече дека државата, институциите, здравствениот систем, Комисијата за заразни болести направиле се во изминатиот период, донесени се одлуки, направени се протоколи како треба да се однесуваат граѓаните.

– Секој ден говориме што значи одговорност за сопственото здравје, што значи одговорност за околината во која живеееме. Најмалку што можат да направат граѓаните е да ги почитуваат тие мерки, вели Спасовкси.

Доколку граѓаните ги почитуваат мерките, како држење социјална дистанца, носење заштитина опрема, нагласува Спасовски, нема опасност  од пренос на инфекцијата и загрозувањето на здравјето и животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот