Решение за реткиот воздух – вијагра

EPA/STEPHANIE PILICK

Јужна Америка е континент „залуден“ по фудбалот и неретко оттаму пристигнуваат невообичаени вести, но последната која доаѓа нема конкуренција.

Имено, докторот на аргентинскиот клуб Унион де Фе, направи неверојатна работа, на своите фудбалери пред дуелот од Копа Судамерикана им поделил вијагра. Тој се надевал дека со вијаграта, играчите полесно би се навикнале на тешките услови со реткиот воздух на голема надморска височина во главниот град на Еквадор, Кито.

– На голема надморска височина, артериите околу белите дробови се смалуваат поради што се намалува размената на кислород и јаглерод диоксид и тука настапува, вијаграта. Таа помага крвта многу подобро да се дитрибуира околу градниот кош како фудбалерите би можеле да издржат во тешки услови – се обиде да го објасни невообичаениот потег докторот на аргентинскиот клуб.

Сепак, ниту овој несекојдневен потег не му помогна на Унион де Фе, бидејќи загуби од Кито со 4:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот