Репродукции на портрети од Рафаело Санти ќе бидат изложени во Археолошкиот музеј

Археолошкиот музеј го најави отворањето на патувачката изложба „Рафаело: Опера омниа“. Македонската јавност ќе има ретка можност да ужива во музејска репродукција на 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти, од кои два се изложени во најпосетуваниот музеј во Европа, Лувр во Париз, а останатите се изложени во најпознатите италијански галерии, како „Боргезе“ и „Барберини“ во Рим, „Уфици“ и „Палатина“ во Фиренца и во Националната галерија во Урбино.

Сликарот Рафаело Санти, заедно со Микеланџело Буонароти и Леонардо да Винчи ја претставуваат тројката на најголеми уметници и великани од високата ренесанса.

Патувачката изложба со репродукции на дела од Рафаело почнала да го обиколува светот во 2020 година со цел одбележување на јубилејот 500 години од неговата смрт. Изложбата досега била претставена во Финска, Кина, Тунис, Венецуела, Турција, Јужна Кореа и Косово.

Нејзиното поставување кај нас е во соработка со Италијанската амбасада и истата ќе биде отворена за посетители од 19 октомври до 20 декември, а влезот ќе биде бесплатен.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 101, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 16-17 октомври 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот