Репрезентативецот Стојановски донираше тренерки за младите категории на ФК Каменица Саса

Фото: Фејсбук/ФК Каменица Саса

Како што информираат од ФК Каменица Саса денеска македонскиот репрезентативец донираше тренерки на сите млади категории од детската лига 2009-2015 на ФК Каменица Саса.

Играчот Влатко Стојановски кој своите почетоци ги започна токму во ФК Каменица Саса, фудбалер кој ФК Каменица Саса ќе му биде благодарна вечно за своите дела кој ги има направено за овој клуб.

– Ти благодариме многу и ја имаш сета поддршка за Светско првенство во Катар. ФК Каменица Саса, еден клуб, една љубов – напишаа од ФК Каменица Саса.

Стојановски беше дел од А репрезентацијата на Европското првенство каде што не играше против Австрија и Украина, а на мечот со Холандија од 78 минута како замена за Енис Барди.

На клупски план тој моментно ги брани боите на францускиот клуб Шамбли како позајмица од екипата на Ним.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот