Реновиран Здравствениот дом Куманово

Фото: Министерство за здравство

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска го посети Здравствениот дом Куманово каде заврши процесот на реновирање, кој чинеше над 11,3 милиони денари.

Фото: Министерство за здравство

Денеска сум во посета на Куманово, каде се реализирани повеќе реновирања. Извршена е замена на прозори, монтажа на централно греење, опремени се со нов мебел, Брзата помош и детскиот оддел, а стоматолошката амбуланта има нови работни столови. Заменети се покривите и на амбулантата „Тоде Мендол” која е дел од Здравствениот дом во Куманово, соопшти Меџити.

Фото: Министерство за здравство

Тој информираше дека Здравствениот дом доби и нови апарати за ЕКГ, аудиометар и апарат за офталмолошки скрининг на кој ќе се вршат проверки за способност за гледање за кандидати за возачки дозволи, вработувања, едукација и систематски прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот