Реновиран амфитеатарот на Детската клиника за студентите по педијатрија

Свеченост на Детската клиника, пуштен во употреба реновираниот амфитеатар за настава по Педијатрија/Фото: Катедра за педијатрија

Студентите од Медицинскиот факултет во Скопје од денеска предавањата на Катедрата за Педијатрија ќе ги следат во целосно реновираниот амфитеатар.

На денешното отворањето свои обраќања имаа проф. д-р Соња Топузовска, декан на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската Клиника во Скопје и проф. д-р Соња Бојаџиева, раководител на Катедрата за педијатрија.

Д-р Соња Бојаџиева, раководител на Катедрата за педијатрија/Фото: Клиника за педијатрија

Амфитеатарот се наоѓа во просториите на Детската клиника – Скопје. Неговото реновирање опфати целосна реконструкција на клупите, столовите, подовите и плафоните, како и на техниката за одржување настава.

д-р Соња Бојаџиева со деканката на Медицинскиот факултет д-р Соња Топузовска/Фото: Клиника за педијатрија

Со ова реновирање целосно се подобрени условите  за одржување настава по предметот Педијатрија за студентите и специјализантите на Медицинскиот факултет во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот