Ременски: Ова беше долг и измачувачки процес

Фото: Слободен печат

Фросина Ременски која беше обвинета во предметот „Меѓународен сојуз“ кажа дека е задоволна од ослободителната пресуда. Таа побара разбирање од јавноста, на сите прашања да одговара во наредниот период. За процесот кој се водеше против нејзе кажа дека е измачувачки.

– Повеќе од две години и писхички и физички и емоционално поминувам низ овој процес. Барам разбирање денеска, да ја добијам пресудата, да ги прочитам наводите и да дадам повеќе образложение за било какво прашање денеска. Сметам дека за случајот премногу зборував, за целовкупното постапување за случајот и мислам дека денеска укажувањето на судот во однос на функционерите и политичарите – е нешто на што сериозно треба да се размисли. Сакам да имате разбирање за денешната моја состојба. Секако, да си ги средам и јас емоциите од овој долг и измачувачки процес за мене, па да стојам на располагање за сите прашања и одговори кои ги имате – рече Ременски.

Апелација ја потврди пресудата за „Рекет“: 9 години затвор за Боки, 7 за Јанева

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот