Ременски: Групата на Палевски имала списоци за ликвидации, рекет и киднапирања

Фросина Ременски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Групата на Љупчо Палевски – Палчо поседувала списоци со лица за кои планирале да ги убијат односно ликвидираат, да ги рекетираат, да ги киднапираат и да ги заплашуваат, вели за „Слободен печат“ професорката од Факултетот за безбедност, Фросина Ременски.

Тоа се нејзини неофицијални податоци. Ременски алармира до безбедносно разузнавачката заедница дека треба да продолжат со оперативен надзор врз овие лица, да ги откријат нивните планови и да ги спречат и тоа да го сфатат како поширока задача кон целата заедница при расчистувањето на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Групата на Палевски според Ременски во минатото била предмет на оперативен надзор, но зошто тоа престанало е прашање кое мора да се поправи, односно целата безбедносно – разузнавачка заедница да направи план за класичен оперативен надзор на терен врз овие и слични лица.

-Тоа е легитимно, затоа што радикалната десница или радикалната левица е двор на тероризмот, смета Ременски.

Таа додава дека случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски мора да бидат повод за посериозно и поопсежно третирање на ентитети што шират радикален говор спротивен на оној на стратешките интереси на земјава кон ЕУ и НАТО.

 

 

Фросина Ременски / Фото: „Слободен печат“/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот