Фото: Инстгарам/ geodatarankings

Религијата на генерација „Зет“ во Европа: Македонија е православна, а северот се одлучува за атеизам

Maпa објавена на инстаграм-страницата „GeoData & Rankings“ открива интересни податоци за религиозниот пејзаж кај припадниците на генерацијата „Зет“ во Европа. Генерацијата „Зет“ (родени меѓу 1997 и 2012 година) во Европа покажува разновидна религиозна слика, обликувана од историјата, културата и променливите социјални ставови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GeoData & Rankings (@geodatarankings)

Земјите со католичка мнозинска верска припадност се најчесто концентрирани во Западна, Централна и Јужна Европа, каде што Италија, Португалија, Австрија, Швајцарија, Полска и Хрватска остануваат претежно католички. Во Источна и Југоисточна Европа доминира православното христијанство, со најголем број припадници во Русија, Украина, Србија, Македонија, Романија и Бугарија. Муслиманската вера е најзастапена меѓу помладите генерации во Босна и Херцеговина и на Косово.

Интересно е што атеизмот и секуларизмот се широко распространети во северните и западните делови на Европа, особено во Шпанија, Франција, Велика Британија, Шведска, Норвешка, Германија, Данска и Холандија, но и во Турција и Грција, што укажува на значаен пораст на секуларизмот меѓу младите.

Иако GeoData & Rankings не го навеле изворот на податоците за картата, истражувања за религиозните преференции на генерација „Зет“ биле извршени од Ipsos и Pew Research Center.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот