Рекордна задолженост на нафтените компании

нафта
Раст на цените на нафтата / Илустративна фотографија: ЕПА

– Растечкиот долг дополнително ќе го зголеми притисокот на уште посилно задолжување на компаниите, што очигледно не им смета на инвеститорите во поплавената ликвидност за која сметка водат централните банки велат експертите.

Цените на нафтата изминатата недела не претрпија позначителни промени, наспроти силниот раст забележан во петокот. Меѓународната агенција за енергија незначително ја надогради својата проценка за овогодинешната потрошувачка на нафта на 92,1 милиони барели.

Најголемите светски нафтени компании успеаа да позајмат рекордни вредности на пазарите за капитал во второто тримесечје од оваа година, наспроти очекувањата за остар пад на бизнис резултатите како последица на исклучително ниските цени на суровата нафта во првата половина од оваа година.

– Растечкиот долг дополнително ќе го зголеми притисокот на уште посилно задолжување на компаниите, што очигледно не им смета на инвеститорите во поплавената ликвидност за која сметка водат централните банки. Да не заборавиме дека нафтената индустрија беше и се уште е силно обележана од последиците на пандемијата. Покрај поплавата од пари, инвеститорите објаснуваат дека неодамнешните податоци кои дојдоа од САД и Кина, ја подгреаа нивната надеж за опоравување, велат експертитие.

Од друга страна, не смее да се занемари повторното влошување на епидемиолошката слика во земјите кои први се откажаа од мерките преземени за спречување на ширењето на Ковид – 19, што значи дека работите наскоро би можело повторно да се влошат, велат економските експерти.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот