Рекордна ноќ на Зајон Вилијамсон (ВИДЕО)

твитер

Првиот избор на драфтот покажа зашто се смета за најталентиран кошаркар во последните 20-тина години.

Зајон Вилијамсон го одигра најдобриот натпревар во НБА лигата, откако се минатиот месец конечно доби дозвола од лекарите за настап. Њу Орлеанс со 138:117 го совлада Портланд, а блескаше Вилијамсон со 31 постигнат поен за 28 минути. Покрај тоа имаше и 10 скокови и пет асистенции.

Во дербито на вечерта Филаделфија со 110:103 го совлада ЛА Клиперс.
Предводници во триумфот беа Џоел Ембид со 26 поени и Бен Симонс кој оствари трипл-дабл од 26 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Кај Клиперс најпрецизен беше Каваи Ленард со 30 поени.


Хјустон рокерс предводен од Харден и Вестбрук го совладаа Бостон со 116:105. Харден натпреварот го заврши со 24 постигнати поени, а Вестбрук имаше учинок од 36 поени и 10 скокови.


Резултати:

Филаделфија – Лос Анџелес клиперс 110:103
Вашингтон – Чикаго 126:114
Њу Орлеанс – Портланд 138:117
Оклахома Сити – Сан Антонио 106:114
Хјустон – Бостон 116:105.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот