Рекордерот Меси

фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Аргентинската репрезентација е новиот светски првак во фудбал, а Лионел Меси покрај тоа што беше избран за најдобриот фудбалер на Мундијалот, тој може да се пофали и со мноштво на соборени рекорди.

Асот на Пари Сен Жермен на патот до титулата постави дури 12 поединечни рекорди, кои само потврдуваат дека е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Рекордите на Меси:

Најмногу настапи на Мундијалите – 26. Го надмина Лотар Матеус кој имаше 25

Најмногу асистенции на Мундијалите – 9. Го надмина Диего Марадона кој имаше осум

Единствен кој дал гол во секоја фаза од СП – Меси погоди во групи, осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале

Најмногу одиграни минути на СП – 2.314. Го престигна Паоло Малдини, кој имаше 2.217

Единствен кој запишал барем една асистенција на пет Мундијали по ред

Единствен аргентински фудбалер кој дал гол на четири Мундијали

Најмногу мечеви како капитен – 18

Најмногу учества во гол, со погодок или асистенција – 22. Има 13 гола и 9 асистенции на СП

Најмлад фудбалер кој има пет Светски првенства, роден е 24 јуни 1987

Најмногу освоени МВП признанија за играч на меч – 11 (42 отсто од бројот на одиграни мечеви).

Најмногу мечеви со гол и асистенција и најмногу на исто СП – вкупно 4, во Катар – 3. Истовремено е и најмлад и најстар фудбалер со гол и асистенција на мундијалски меч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот