Реконструкција на скалите и платото пред Музеј за современа уметност – донација од Олга Костовска и пријателите

(Фото: Инстаграм)

Музејот на современата уметност е изграден од солидарност по земјотресот и веќе неколку години го има Еуролинк осигурување и претседателот на надзорен одбор г-ѓа Олга Костовска за свој најголем поддржувач и пријател.

Таа е позната во јавноста како успешна жена во македонскиот бизнис, мецена на културата, уметноста и образованието и голем донатор, кој знае да го даде својот придонес онаму каде што е најпотребно.

Со досегашната поддршка се олеснува реализацијата на редовните годишни активности и досега се реализирани неколку дополнителни проекти како што е отворањето на Музејската библиотека при Истражувачкиот центар при МСУ, издавање каталог на уметникот Петар Хаџи Бошков и реконструкција на бифето во музејот.

Со оваа лична донација наменета за Музејот на современата уметност, Олга го одбележа својот 45-ти роденден и повторно ја подаде раката на оваа важна и репрезентативна институција во државата. Наместо подароци, овојпат Олга и нејзините пријатели дадоа свој допринос за реконструкција на приодните скали и платото на музејот во вкупна вредност од 600.000 денари со што ќе се овозможи полесен пристап и нов, освежен изглед на платото, кои ќе го направат музејот поатрактивен за уште поголем број посетители и љубители на современата уметност.

Голема благодарност од тимот на Музејот на современата уметност до Олга и нејзините пријатели за оваа значајна донација за Музејот на современата уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот