Реџепи: Можно е да променам место на седење во Парламентот, секој си има свое столче

кастриот реџепи
Реџепи Кастриот/ Фото: Драган Митрески

„Добар сум се е добро и одиме понатаму“, рече пратеникот Кастриот Реџепи во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, како одговор на прашањето дали редовно го посетува Парламентот, Реџепи истакна дека е редовен, кога има обврски.

„Вчера имаше една регионална конференција за соработка со медиумите“, додаде тој.

Местото во Парламентот не ви е променето, со параламентарците од БЕСА седите заедно ? – беше запрашан Реџепи, при што истакан дека можна е промена на столчето во Парламентот.

„Се уште сме немале пленарна седница, a таму се обележани местата. Јас им кажав на колегите, се сретнав со колегата Фазил Зендели од БЕСА и разговарав со него бидејќи гледам дека инсистираат на тоа дека јас сум исклучен од партијата, иако тоа е дискутабилно. Му сугерирав дека можно е да променам место на седење, иако тоа не е некаков проблем. Секој си го има своето столче“, рече Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот