Реџепи: БЕСА е за три изборни единици и отворени листи

кастриот реџепи
Фото: youtube/printscreen

Движењето БEСА на Билал Касами е за измени во Изборниот законик, но што се однесува до изборните единици, оваа партија предлага да има три изборни единици со отворени листи.

– Движењето Беса ја поддржува потребата за реформа на изборниот законик. Нашиот предлог е за три изборни единици и отворени листи. Овој модел ќе ја зачува територијалната застапеност, но ќе им овозможи на партиите на етничките заедници да се натпреваруваат со нивни листи за пратеници. Отворените листи ќе придонесат за квалитативен и директен избор на пратеници од гласачите. На овој начин ќе се зголеми политичката тежина на избраниот пратеник и ќе има автономија во претставувањето на потребите на нивното гласачко тело. Ние сме отворени да ги слушнаме и другите аргументите за да излеземе со подобар изборен модел- изјави за „Слободен печат“ пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи.

Мехмеди: Алијанса за Албанците е за осум изборни единици

Јакупи: Eдна изборна единица може да донесе „главоболки” за формирање стабилна владина коалиција

Јакупи: Eдна изборна единица може да донесе „главоболки” за формирање стабилна владина коалиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот