Мехмеди: Алијанса за Албанците е за осум изборни единици

Потпретседателот на Алијансата за Албанците, Ремзи Мехмеди, во изјава за „Слободен печат“ вели дека неговата партија е за осум изборни единици.

-Ние продолжуваме да бидеме доследни на нашиот став и предлагаме осум изборни единици затоа што преку организација на пропорционални избори со осум изборни единици и отворени листи ја постигнуваме најправедната и најдемократска политичка застапеност која одговара на Република Северна Македонија од сите аспекти: регионален, демографски, етнички – вели Мехмеди.

Тој додава дека Алијансата за Албанците е најгласниот и најупорниот политички субјект за изменување и дополнување на Изборниот законик, што би предвидувало организирање на пропорционални избори со отворени листи.

– Сметаме дека преку оваа промена се движиме кон демократизација на општеството и уште поадекватна и квалитативна застапеност во Законодавниот дом – додава Мехмеди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот