Уништувањето на „Северен тек“ жешка тема на советот за безбедност на ОН

Уништувањето на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година беше жешка тема на состанокот за безбедност на Обединетите нации.

„Повторуваме дека секое намерно оштетување на критичната цивилна инфраструктура предизвикува сериозна загриженост, треба да се осуди и истражи. Во сегашниот чувствителен безбедносен контекст, ги повикуваме сите да покажат воздржаност додека чекаме да заврши преостанатата истрага и соодветно да се споделат информациите“, рече помошник генералниот секретар за Централна Азија, Европа и Америка во Одделот за политички прашања и мировни работи, Мирослав Јенча.

Рускиот амбасадор Василиј Небензја рече дека Русија била „скептична од самиот почеток“ кога зборувал за истрагите на Германија, Данска и Шведска.

„Нашите сомнежи станаа посилни откако овие земји одбија директно да зборуваат пред Советот за безбедност на оваа тема“, рече Небензја.

Тој додаде дека во Советот за безбедност биле дистрибуирани информации за фактот дека данските и шведските власти ги завршиле своите национални истраги но дека не известиле што откриле вонив.

Неговиот колега од Соединетите Американски Држави, Џон Кели, пред Советот за безбедност на ОН рече дека Русија постојано свикува состаноци на оваа тема за да се шират дезинформации и да се дискредитираат тековните национални истраги.

„Тешко е да се остане во чекор со најновите обвинувања на Русија, но една работа останува иста: наратив за виктимизација. Го поздравуваме известувањето до овој Совет од Шведска и Данска за заклучоците од нивните соодветни национални истраги и ја забележуваме тековната истрага на Германија. Како што кажавме многупати досега, на овие компетентни национални истраги треба да им се дозволи да ја завршат својата работа и тоа да го прават без надворешно мешање, додаде тој“.

Според ОН во септември 2022 година беа пријавени четири истекувања во гасоводите „Северен тек“.

Овие цевководи се поставени во меѓународни води во шведската и данската економска зона во Балтичкото Море.

Во февруари 2023 година, Програмата за животна средина на Обединетите нации процени дека можниот опсег на истекување на емисиите на метан е помеѓу 75.000 и 230.000 метрички тони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот