Редфилд предупредува на нов бран заразени во САД по немирите на Капитол

Фото: EPA-EFE/VARIOUS

Директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд, предупреди дека немирите во американскиот Капитол во средата веројатно ќе доведат до нов бран на коронавирусот и дека тие ќе имаат последици по јавното здравје.

Редфилд истакна дека учесниците во немирите генерално не носеле маски, и дека тие потоа се разишле низ целата земја, јави Си-Ен-Ен.

САД во четвртокот за првпат објавија повеќе од 4.000 смртни случаи на новозарзаени со Ковид-19 во еден ден, а Редфилд предупреди дека бројките најверојатно ќе се зголемат.

– Ќе продолжиме да бележиме 2.500 до 5.000 смртни случаи на ден – изјави Редфилд.

Тој додаде дека ситуацијата ќе продолжи да се влошува во текот на јануари и веројатно во дел од февруари.

– Се уште не е достигнат пикот на сегашниот бран – нагласи Редфилд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот