Ред бул со телохранители ќе го чува Верстапен од навивачите на Перез во Мексико

EPA-EFE/Ali Haider

Во пресрет на трката во Формула 1 за ГН на Мексико, постои опасност навивачите на тамошниот миленик Серхио Перез да го нападнат Верстапен, па раководството на Ред бул реши да назначи двајца „чувари“ за Холанѓанецот, се секој случај

Тимот на Ред бул, наводно, ќе му даде на Макс Верстапен двајца телохранители за да го заштитат овој викенд во Мексико.

Додека неговиот тимски колега Серхио Перез се враќа на домашен терен каде што е идол на фановите во пресрет на трката за Големата награда на Мексико Сити, за Верстапен е друга приказна.

Минатиот викенд во Остин, Тексас, победата на Холанѓанецот беше гласно исвиркана од присутните мексикански навивачи.

Според тоа, Ред бул нема да ризикува овој викенд кога Верстапен ќе вози на домашниот терен на Перез.

Консултантот на Ред бул, Хелмут Марко, го потврди присуството на двајца телохранители задолжени да го заштитат Верстапен.

– Макс навистина не сака да го прави тоа и е опуштен. Но, ние имаме одговорност кон него. Затоа сакаме само да бидеме безбедни – вели Марко.

Заканите преку социјалните мрежи беа главната причина зошто Ред бул се одлучи за дополнителна безбедност.

Ред бул, исто така, наводно очекуваат Перез да го минимизира непријателството од навивачите насочени кон Верстапен преку соопштение за јавноста.

Односите помеѓу тимските колеги Верстапен и Перез се далеку од идеални. Мексиканцот се чувствува загрозен од супериорниот Холанѓанец, делумно затоа што шампионот ја има поддршката од раководството на тимот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот