Рецепт за „марокино“ или кафе со Нутела за совршено будење на најголемите хедонисти

Unsplash
Unsplash

Кафето што италијанците го нарекуваат „марокино“ не потекнувало од Мароко. За прв пат било подготвен во Пиемонт регион во северозападна Италија, поточно во Алесандрија. Името се должи на мароканската кожа што се користела за правење на шапки тој период  во Италија, а кафето е препознатливо и по убавата кафеава боја.

Покрај кафето, чоколадото, какаото или Нутелата се одговорни и за феноменалната кафена нијанса, во зависност од тоа каде се подготвува, пишува Пун куфер.

За вкусот да биде комплетен многу значајна е и млечната пена, како квалитетот на италијанското кратко еспресо.

Ако немате машина за кафе што прави пена од млеко, можете во мал сад да измешате топло млеко – по можност со миксер кој има додаток за крем или само да го протресете топлото млеко во цврсто затворена тегла.

Состојки потребни за едно убаво утринско „марокино“:

  • кафе еспресо
  • трошки од црно чоколадо
  • горчлив какао во прав или нутела
  • бибер во прав
  • топло млеко

Подготовка:

Направете еспресо и истурете го во чаша. Додадете ги трошките од темно чоколадо. Додадете многу какао во прав или Нутела и малку бибер во прав. Наполнете до врвот со пена и топло млеко. Посипете со какао во прав уште еднаш.

Време е за кафе и почеток на уште еден убав ден.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот