Фото: Pixabay / distelAPPArathm

Речиси секој го има во својот дом: Овој предмет е најдобриот сојузник во борбата против плевелот

Февруари полека го означува крајот на зимата и постепеното продолжување на денот, што го прави идеално време за спречување на растот на плевелот пред да се појави.

Семето од плевелот ‘рти штом добие доволно светлина, а во ова време од годината најверојатно ќе се појави на потопли места како што се пукнатини во тераси, рабови на патеки и свежо изорани цветни леи.

Со зголемувањето на температурите, плевелот се развива многу побрзо и го зајакнува својот коренов систем пред пролетта, што го отежнува неговото отстранување подоцна. Експертите велат дека неколку минути поминати сега можат да заштедат часови работа во пролетните месеци, како и да ја намалат потребата од хемикалии за уништување на несаканото растение.

Искусниот градинар Кевин Ли Џејкобс, открил едноставен метод за контрола на плевелот без нивно вадење: користење весник. Според него, весникот ја блокира сончевата светлина потребна за ‘ртење на семето и ги задушува младите изданоци, спречувајќи го нивниот понатамошен раст во текот на целата сезона, а понекогаш и подолго.

Освен што е ефикасен „лек“ за уништување на плевел, овој метод е и еколошки. Со текот на времето, весникот се разградува во органска материја што ја збогатува почвата со хранливи материи, подобрувајќи го квалитетот на почвата и поттикнувајќи поздрав раст на растенијата пред пролетта.

За најдобри резултати, се препорачува употреба на обичен весник, картон или неглазирана хартија, додека сјајните списанија треба да се избегнуваат поради нивната пластична обвивка. Хартијата се поставува во слој од четири до шест листа, се наводнува добро и може да се покрие со компост или прекривка по желба. На овој начин, градината може да остане без плевел со месеци, а во некои случаи дури и со години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот