Рецепт за запечени њоки со грашок и шунка: Кремаст ручек кој ќе ве одушеви!

Фото: Kirk K / Flickr

Ако досега не сте јаделе печени њоки, ова јадење ќе биде вистинско изненадување!

Почестете се со кремаст ручек, кој не бара многу труд или знаење во кујната. Подготовката и печењето ќе ви одземе само половина час, освен ако не одлучите да направите домашни њоки.

Состојки:

– 400 грама њоки
– 2 лажици путер
– 100 грама шунка
– 2 чешниња лук
– 200 мл павлака за готвење
– 50 грама пармезан
– 150 грама грашок
– бибер

Фото: Wikimedia Commons

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и истовремено сварете ги њоките во посолена вода.
Њоките извадете ги штом испливаат на површина.
Во тавче растопете путер и лесно запржете ги коцките шунка.
Извадете ја шунката и ставете ја на страна.
Во тавчето ставете сечкан лук и павлака и вратете го на оган.
Додајте го пармезанот, помешајте, посолете и забиберете.
Додајте ги њоките и половина од грашокот и гответе една минута на лесен оган.
Преместете ги во сад за печење и печете додека смесата да се згусне, 15-20 минути.
Извадете ги од рерна, додајте го преостанатиот грашок, коцките шунка и јадењето послужете го топло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот