Рецепт за посни ќофтиња во сос од домати

Фото: Marco Verch / Flickr

Ќофтињата се едно од јадењата кои секогаш се добредојдени на македонската трпеза и кои ќе го задоволат непцето и на најпребирливите.

Домаќинките најчесто ги прават од мелено месо, но можеби е време да пробате нешто поинакво.

Понекогаш е добро да се направат мали промени, а ќофтињата од риба се идеална замена за оние од говедско или свинско месо, особено во деновите на постење.

Состојки:

– 1 кг бела или друга риба по избор
– 1 црвена пиперка
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 100 грама презла
– ¼ стар леб
– 200 мл сос од домати
– сол, бибер
– зачини по вкус

Фото: Isabelle Boucher / Flickr

Подготовка:

Во тенџере сипете вода, додадете една лажица сол, па ставете ја рибата да се вари 15 минути. Кога ќе биде сварена, исчистете ја од коските и кожата, па измелете ја.

Пиперката, кромидот и лукот исечкајте ги на коцки.

Во загреана тава сипете масло, додадете го кромидот, пиперката и малку вода, па сѐ динстајте 10 минути, а потоа додадете ја рибата и измешајте сè заедно.

Потоа, во тавата додадете лук, сол, бибер и зачини по вкус. Лебот исечкајте го колку што можете поситно, па додадете го во тавата.

Сипете околу 50 мл вода и додадете ја презлата. Сѐ заедно измешајте и пржете уште пет минути.
Смесата оставете ја да се излади, а потоа од неа направете ќофтиња.

Во загреаната тава сипете малку масло, па спуштете ги ќофтињата и пржете ги додека не добијат златна боја.

Намалете ја температурата на минимум, а потоа прелијте ги ќофтињата со сос од домати и варете пет минути.

Ќофтињата можете да ги сервирате со пире од компири или со салата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот