Рецепт за плескавици од пиперки: Вкусен деликатес кој никого не остава рамнодушен
Плескавиците се едно од омилените јадења од месо во Македонија. Меѓутоа, како и многу други деликатеси, и овој може да се направи во разни варијанти, особено во летниот период, кога сакаме полесна храна. Плескавици од тиквички, од компири, па дури и од пиперки!
Пробајте го рецептот за плескавици од пиперки и ќе уживате во секој залак. А, како прилог, можете да им додадете павлака, мајонез, кечап… по ваш избор.
Состојки:
– 4 црвени пиперки
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 100 грама презла
– 1 јајце
– сол, бибер, црвен пипер
– масло за пржење
Подготовка:
Во тава пропржете ги пиперките додека не омекнат. Потоа пиперките, кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Во сад измешајте ги сечканите намирници, презлата, јајцето, солта, биберот и црвениот пипер. Од смесата формирајте плескавици.
Загрејте го маслото во тава и пржете ги плескавиците од двете страни додека не поруменат.