Рецепт за лепињи од јогурт: Идеални се за домашни сендвичи

Фото: Pxfuel

Ние секогаш претпочитаме домашно печиво од оние купени во продавница. За овој рецепт ви се потребни само неколку состојки. И нежни прсти, бидејќи при обликувањето на лепињите не смеете да бидете премногу груби за да не го истиснете воздухот од нив. Ова ќе ги направи вашите домашни лепињи екстра вкусни.

Состојки:

– 600 г брашно
– 30 г квасец
– 13 г сол
– 150 г јогурт
– 50 мл масло
– 150 мл млеко
– 150 мл вода
– сусам

Подготовка:

1. Загрејте вода и млеко, додајте квасец.
2. Кога ќе надојде, додајте ги брашното, солта, јогуртот и маслото, па замесете тесто и оставете на топло место да нарасне.
3. Подгответе плех обложен со хартија за печење.
4. Тестото ставете на набрашнета површина, поделете на четири дела и обликувајте ги лепињите така што со дланка малку ќе ги притиснете. Со рачката од лажицата избодете го тестото за да добиете дупки на лепињите и оставете да мируваат уште дваесетина минути.
5. Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени Целзиусови.
6. Лепињите премачкајте ги со млеко, посипете ги со сусам и печете ги 15-20 минути додека убаво не поруменат.
7. Печените лепињи покријте ги со фолија или со кујнска крпа да омекнат малку, не премногу, околу пет минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот