Рецепт за колач „ден и ноќ“, старински десерт од нашите баби

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Колачот „ден и ноќ“ ќе ве врати во детството и во кујната на вашата баба. Декоративен и толку убав, а префинетиот вкус и комбинацијата на филот од ореви и чоколадо е вистински деликатес за сите сладокусци. Идеален е за домашни и за гости, бидејќи може да стои неколку дена без да ја изгуби својата свежина. Старински колач на нашите баби кој брзо се подготвува, а уште побрзо се јаде. Со не толку многу состојки кои повеќето ги имате дома, ќе направите декоративен и вкусен колач.

Состојки:
За кората:

– 200 грама путер
– 100 грама кристал шеќер
– 5 јајца
– 15 лажици брашно (300 грама)
– 100 милилитри млеко
– 2 лажици какао во прав

За филот:

– 200 грама путер
– 140 грама кристал шеќер
– 200 грама чоколадо за готвење
– 150 милилитри млеко
– 150 грама мелени ореви

Подготовка:

Омекнатиот путер изматете го со шеќерот додека не стане пенест. Одделете ги жолчките, додајте ги во путерот и повторно сè изматете. Потоа постепено додавајте го брашното, со матење цело време, а потоа и млекото. Белките посебно изматете ги за да добиете цврст шлаг, а потоа сè заедно соединете. Смесата поделете ја на два еднакви дела, а во едната половина додајте какао во прав. Корите печете ги во плех со димензии 30х20 на 180 степени околу 15 минути.

Додека се печат корите, можете да го подготвите филот. Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и чоколадото и загрејте ги на умерен оган додека не се растопат целосно. Водете сметка често да мешате за да не загори. Во растопената смеса додадете ги мелените ореви и сè убаво соединете. На плехот прво ставете ја лесната кора, па премачкајте ја со едната половина од филот. Одозгора ставете ја темната кора и намачкајте со остатокот од филот. Колачот по желба посипете го со мелени ореви. Кога ќе се излади, исечете го на коцки и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот