Рецепт за коктел маргарита со лубеница, освежете се на кралски начин

Фото: Tamanna Rumee/Pexels

Освежителен, овошен коктел со примеси на егзотика е совршен пијалак за летните вечери или за забавно дружење со пријателите… Уживајте!

Состојки:

– четири шољи сечкана лубеница
– половина шоља текила
– четвртина шоља ликер трипл сек
– третина шоља сок од лимета
– една лажица мед
– чаша мраз
– морска сол, две кругчиња лимета

Подготовка:

Исчистената лубеница ставете ја во замрзнувач да отстои преку ноќ. Рабовите на две чаши за маргарита истријте ги со парче лимета, а потоа на рабовите ставете сол и оставете ги настрана.
Во блендер сипете текила, сок од лимета и трипл сек, додадете мраз, лубеница и мед и сè убаво изблендирајте. Исцедете во чаша, украсете со парчиња лимета и сервирајте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот