Рецеп за кралска торта: Kултен десерт со совршен крем од ванила и портокал

Фото: Sandra van der Steen / Alamy / Alamy / Profimedia

Холанѓаните ја обожаваат тортата направена од фин крем и лиснато тесто. „Томпус“ (Tompouce) е торта што се јаде во слаткарници и кафулиња, а може да се купи и во продавници. Станува збор за варијација на темата мил-феј (mille-feuillea) или Наполеон, а на типичниот крем од ванила често се додава портокал.

Традиционално се служи за празникот Конингсдаг, односно роденденот на кралот Вилем-Александар на 27 април. Холанѓаните се шегуваат за колачот дека е речиси невозможно да се јаде без да се извалкате, а ако е тоа вистина, најдобро е сами да проверите.

Состојки:
Крем:

– 310 мл млеко
– 35 г прашок за пудинг од ванила
– 1 лажица желатин во прав
– 75 г шеќер
– кора од 1 портокал
– 1 жолчка од јајце
– 350 мл шлаг

Тесто:

– 2 лажици џем од кајсии
– 1 лист лиснато тесто со димензии 24 см x 40 cм

Глазура:

– 15 мл сок од портокал
– 100 г шеќер во прав
– 1/2 лажичка арома или екстракт од портокал
– 3 капки жолта прехранбена боја
– 3 капки црвена прехранбена боја

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 Целзиусови степени. Расукајте лист лиснато тесто со големина на плех и ставете го во плех обложен со хартија за печење. Тестото добро избоцкајте го со виљушка. Ставете го во фрижидер 10-15 минути, а потоа откако ќе се излади, печете 30 минути со вклучен вентилатор.

Потоа исклучете го вентилаторот и намалете ја температурата на 135 степени и печете го лиснатото тесто уште 10 минути. Оставете го да се излади. Изладениот лист лиснато тесто исечете го на два дела (приближно 11 cм x 40 cм).

Направете го кремот. Во прашокот за пудинг додадете 25 мл млеко и убаво измешајте. Изматете го јајцето во смесата. Во тенџерето сипете 225 мл млеко, 40 г шеќер и кората од еден портокал. Загрејте го млекото. Кога ќе зоврие, тргнете го од шпоретот.

Во смесата за пудинг додадете една лажица врело млеко и мешајте. Повторете додавајќи го врелото млеко уште двапати. Додајте ја смесата со пудинг во тенџерето со млеко и со мешање оставете да зоврие.

Оставете да се вари кратко за да се згусне.

Во плиток сад истурете го врелиот пудинг и покријте го со најлонска фолија. Оставете да се излади на собна температура.

Изматете 1 лажица желатин во 60 мл млеко на собна температура.

Изматете 350 мл шлаг и 35 грама шеќер во тврд шлаг.

Кога пудингот ќе се излади на собна температура, загрејте ја смесата од млеко и желатин на температура помеѓу 48 и 60 Целзиусови степени (ако температурата е повисока, способноста за желатинирање ќе се намали). Потоа, додајте го пудингот, добро измешајте и додадете го желатинот. Изматете го шлагот во смесата. Кремот ставете го во фрижидер 5 до 10 минути, додека не се стегне.

Изберете една лента лиснато тесто што ќе биде на врвот на вашата торта. Свртете го, така што страната што беше на плехот да биде одозгора. Кремот ставете го врз лентата од лиснато тесто што не сте ја превртеле. Врз кремот ставете ја превртената лента лиснато тесто и нежно притиснете надолу. Со шпатула измазнете ги рабовите. Загрејте го џемот од кајсии и со четка нанесете го на горниот слој од лиснатото тесто.

Загрејте го сокот од портокал, аромата или екстрактот од портокал и шеќерот во прав. Загревајте мешајќи додека не се растопи шеќерот, а потоа додадете прехранбена боја додека не добиете убава портокалова боја. Со глазурата прелијте го горниот лист тесто и рамномерно распоредете го. Внимателно исечете ја тортата на парчиња широки 4 см и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот