ВИДЕО | „Со секоја година сè повеќе си ги сакам родендените!“: Каролина со солзи радосници ги дувна свеќичките на тортата

Каролина Гочева / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Каролина Гочева/Цаци Паковска

Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева вчера, на 28 април, го прослави роденденот со најблиските, кои ѝ приредиле изненадување.

Каролина денеска на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм објави кратко видео на кое дува свеќа на парче роденденска торта, со песната која се слуша во позадина „Среќен роденден“.

 

„Фала другари мои што сте дел од мојот живот, фала и на сите кои ми пишавте и посакавте убави желби. Со секоја година сè повеќе си ги сакам родендените! Cheers до следната“, напиша расположената, но и трогната до солзи Каролина покрај краткото видео.

Роденденската прослава на Каролина ја долови и нејзината долгогодишна соработничка и пријателка, Цаци Паковска со видео на Инстаграм. На видеото се гледа и сопругот на Каролина, Михаил.

 

Инаку, Каролина и Михаил Корубин неодамна беа на Биеналето во Венеција.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот