Ребел Вилсон покажа среден прст на доделувањето БАФТА наградите: Ова е порака за Путин!

ребел вилсон
Ребел Вилсон / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Филмот „Dune“ доминираше на синоќешното доделување на наградите на Британската филмска академија (БАФТА) кои се одржуваа во Ројал Алберт Хол во Лондон, но филмовите и гламурозните тоалети паднаа во сенка имајќи предвид дека во Украина беснее ужасна војна.

ГАЛЕРИЈА | Доделени филмските награди BAFTA: „The Power of Dog“ е најдобар филм на годината

Наградите БАФТА не се одржаа минатата година поради пандемијата на коронавирусот, а оваа година беа организирани токму на време за војната во Европа. Затоа не е чудно што актерите решија јавно да ја поддржат Украина и да испратат порака до рускиот претседател Владимир Путин.

Тоа најјасно го направи австралиската актерка Ребел Вилсон, која оваа година беше во улога на водителка на доделувањето на наградите. Вилсон покажа среден прст во воздух за рускиот претседател.

„Во овој настап имаме двајца преведувачи на знаковен јазик, едниот покажува американски знаковен јазик, додека другиот е задолжен за британскиот. За среќа, на сите знаковни јазици ова е порака за Путин“, рече таа, кревајќи го средниот прст, а публиката ја награди со громогласен аплауз.

Бенедикт Камбербач
Бенедикт Камбербач / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Познатиот актер Бенедикт Камбербач рече дека планира да обезбеди дом за украинските бегалци.

„Страдењето на милиони луѓе не може да се игнорира“, изјави тој за „Sky News“, додавајќи дека страдаат наши браќа и сестри. „Навистина е шокантно да се биде Европеец два и пол часа оддалечен од Украина со авион, тоа постојано виси над нас“, рече тој, додавајќи дека мета се цивили кои умираат, милиони останаа без покрив над главата, без струја, без вода и без храна. „Сите ние треба да направиме повеќе отколку само да носиме беџови. Треба да донираме, да ги притискаме нашите политичари да создадат безбедна средина за бегалците“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот