фото: EPA-EFE/JULIO MUNOZ

Реал Мадрид во обид да го ангажира Лапорт во зимскиот преоден рок

Одбранбениот фудбалер на Ал Наср, Саудиска Арабија, Ајмерик Лапорт е една од главните трансфер цели на Реал Мадрид за зимскиот преоден рок, пренесува АС.

„Кралевите“ имаат потреба од засилување во дефанзивниот дел, поради повредени играчи.

Желба на „Бернабеу“ е Лапорт (30), кој може да ја зголеми конкуренцијата во центарот на одбраната на чија позиција е Аурелиен Чуамени.

Шпанскиот репрезентативец има важечки договор со Ал Итихад до летото 2026 година.

Оваа сезона има 11 настапи и два гола за екипата на Ал Наср.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот