Реал Мадрид/Real Madrd C.F

Реал Мадрид урна рекорд во Ла Лига – никој не изведува пенали подобро од „кралевите“

Реал Мадрид и Барселона водат жестока трка за тронот во Ла Лига, а „кралевите“ сега успеаја да урнат еден нов рекорд.

По 24 одиграни кола, мадридскиот гигант реализираше дури 11 удари од белата точка и тоа е бројка што досега не ја достигнал ниту еден тим во оваа фаза од сезоната. Со прецизноста од пеналите, избраниците на Арбелоа покажаа дека знаат како да ги казнат противниците кога ќе им се укаже шанса.

Во моментов, Реал е на врвот на табелата со 60 бодови, но има и натпревар повеќе од каталонскиот ривал, кој му дише во врат со 58 поени и вечерва го игра својот натпревар од ова коло против Жирона.

ВИДЕО: Реал Мадрид во натпревар со три досудени пенали подобар од Сосиедад

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот