Реал Мадрид рутински до триумф над Виртус во Евролигата
Кошаркарите на Реал Мадрид го совладаа Виртус со 80:67 во 29 коло од Евролигата. Шпанскиот клуб без поголеми проблеми стигна до 15 победа оваа сезона и се доближи на чекор до местото кое води до плеј-ин на крајот од сезоната.
Препорачано
Малкумина очекуваа Реал Мадрид да има ваква тешка и турбулентна сезона, но тие остварија убедлив триумф над еден од најслабите тимови во Евролигата.
Избраниците на Душко Ивановиќ вечерва не си поставија многу прашања иако натпреварот се играше на „Виртус Арената“ во Болоња.
Веќе во првата четвртина мадриѓаните ја потврдија доминацијата и постигнаа 30 поени за 10 минути кошарка, поведувајќи со 50:33 на полувремето.
Виртус успеа да ја намали негативата на 68:54 пред да влезе во последната четвртина во која беа запишано само 25 поени во тој дел од натпреварот.
Реал до победата го предводеше Џанан Муса со 13 поени, два скокови и четири асистенции, Еди Тавареш имаше 13 поени и пет скокови. Во редовите на Виртус Мет Морган постигна 11 поени, а Ражон Такер 10.
Евролига, 29. коло
Четврток
Фенербахче – Асвел 92:82
Црвена звезда – Олимпија 80:82
Жалгирис – Париз 83:81
Алба – Басконија 97:90
Макаби – Монако 91:88
Виртус – Реал Мадрид 67:80
Петок, двојки:
20.15 часот Олимпијакос – Панатинаикос
20.30 часот Баерн – Ефес
20.45 часот Барселона – Партизан


