Реал Мадрид летово од трансфери заработи околу 100 милиони, а Барса 26 милиони евра

Разликата од финансиски аспект помеѓу Реал Мадрид и Барселона е голема/Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Вклучувајќи го овој преоден рок, Реал Мадрид во последните пет години од продажбата на играчи заработил речиси 550 милиони евра, а за купување потрошил околу 630 милиони евра. Значи, минусот е околу 80 милиони евра, што е речиси незначително за клуб со ваков рејтинг и резултати. Билансот би бил во плус доколку немаше грешки со Еден Азар и Лука Јовиќ, на кои потрошија 178 милиони евра.

Во истиот период Барселона за купување издвоила 775 милиони евра, а од продажба инкасирала 545 милиони евра. Тоа е минус од 235 милиони евра, што е речиси трипати поголем од лутиот ривал. А резултатите никаде ги нема, Барса троши повеќе, разликата меѓу двата ривали во однос на резултатот, уредувањето на трансфер политиката и играчкиот кадар е голема. Во Реал сè е под контрола, во Барселона е (беше) хаос.

Со продажбата на Каземиро на Манчестер јунајтед, Реал практично го финансираше потписот на Орелиен Чуамени, единствениот играч кој го купи ова лето. Французинот ги чинеше 80 милиони евра без бонуси, додека од Каземиро ќе заработат 70 милиони евра, кои со бонуси може да пораснат до 85 милиони евра.

До крајот на преодниот рок „Кралскиот“ клуб би можеле да го напуштат Марко Асенсио, Алваро Одриозола и Маријано Дијаз, па Реал летово од продажба би можел да инкасира близу 150 милиони евра. Од друга страна, Барселона летово продава клупски имот, ТВ права и бара извори на приход каде и да може за да избега од црвената зона само за да регистрира засилувања.

И не успеа каталонскиот гигант со сите. Дефанзивецот Жил Кунде и натаму е без лиценца бидејќи Барса треба што поскоро да инкасира околу 20 милиони евра од продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот