Реакција на Вулин: Нема независно Косово и точка

фото Архива

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, реагирајќи на изјавата на поранешната преговарачка Едита Тахири дека ќе има војна ако Србија не ја признае независноста на Косово, денеска изјави дека нема да има независно Косово.

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград, Едита Тахири денеска изјави дека ќе се случи војна ако Србија не ја признае независноста на Косово. Како што јави косовскиот весник „Лајм” таа на собирот „Пат кон конечен договор помеѓу Косово и Србија” во Приштина истакна дека „Косово и Србија не се двете Германии”.

– Тахири нема свои деца, затоа така лесно ги фрла во војна. И кога беше на официјална функција не беше при себе, а сега, кога никој за ништо не ја прашува, сосема полудела. Луда баба. А сите кои ја користат лудата баба да го зборува она што не сакаат гласно да го кажат, а би сакале да се случи, да повторам – нема независно Косово и точка – напиша Вулин во пишана изјава.

Претходно, медиумите ја пренесоа изјавата на Едита Тахири која рече дека ќе се случи војна ако Србија не ја признае независноста на Косово.

Едита Тахири предупредува: Ако Србија не ја признае независноста на Косово можна е војна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот